BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS

Thursday, March 31, 2011

Ајде да се маскираме

Утре е 1ви април! Сигурно многу од вас сеуште се двоумат како да се маскираат или пак дали воопшто да се маскираат. Истата дилема ме мачи и мене. Пребарувајќи по интернетов наидов на многу уникатни туториали за шминка. 

Па, луѓе! Не двоумете се, еве ви неколку идеи од мене, останува уште утре да се фатите за работа и да си поминете една забавна вечер.







Се надевам дека ви дадов мотив и идеа плус. Се гледаме на плоштад!


Tuesday, March 22, 2011

Супер дамски изглед за неколку минути

Ви се случило ли да немате време за дотерување, бидејќи доцна ви било соопштено за настанот? Епа драги мои дами, за се’ има решение. Некогаш и со малку шминка можеме да изгледаме гламурозно и божествено. Потребни ни се само неколку работи: вообичаената подлога и пудра која ја користиме, туш, вообичаената маскара која ни одговара, руменило и сјај за усни.
Па, девојки.......уживајте!


Оваа постапка ќе ви одземе десетина минути, а ќе придонесе да блеснете во полн сјај. Подгответе се сите погледи да бидат вперени кон вас.

Интересни шари на ноктите, техника со вода

Како припаднички на женскиот пол ние секогаш имаме потреба од нешто ново, нешто уникатно. Тоа правило важи за се, па дури и за ноктите. Класичните и еднобојно излакираните нокти се преубави, но ете сите ние понекогаш сакаме да го сменине вообичаениот начин на лакирање на ноктите. 
Мене оваа техника со вода ми е многу интересна, излегуваат преубави шари, а на вас останува само да ја вклучите фантазијата и да размислите за омилената комбинација на бои.


Совет од мене е да ги излакирате ноктите со бела или некоја друга светла боја како подлога и да користите лакови кои не се растварани со ацетон и кои не се засушени. 
Техникава најубаво успева кога лаковите се нови.



Monday, March 21, 2011

Маскара според видот на трепките

Секоја девојка/жена има различни трепки, но сепак едно нешто е заедничко- сите ние тежнееме за погусти и подолги трепки, кои ни даваат драматичен поглед. Сето тоа можеме да го преку избор на соодветната маскара, односно четкичка. 


Кратки и тенки трепки
Вам ви е потребна маскара за волумен и за продолжување на трепките, со кратки и густи влакненца.

Долги и ретки трепки
Маскара за волумен со виткач е полн погодок за вашите трепки.
Кратки и густи трепки
Вам ви е потребна маскара за продолжување на трепките со густа четка.
Долги и густи трепки
Се препорачува било каква маскара со виткач, само за да им даде форма на трепките, бидејќи тие и онака имаат убав изглед.



Домашен рецепт за избелување на ноктите

После интензивно лакирање на ноктите, не ретко се случува да пожолтат и да добијат неубава нијанса. Не треба да се чудиме која е причината за тоа. Лаковите во себе содржат различни хемиски супстанции кои имаат соодветно штетно влијание врз површината на ноктот.
Но, постои решение и за овој мал проблем, кое е воедно и многу едноставно. 
Тајната на избелувањето се крие во паста за заби и лимон. Погледнете го видеото и се’ ќе ви биде јасно. Слободно продолжете да се лакирате со интензивните нијанси, проблемот со пожолтувањето е решен.


Tuesday, March 15, 2011

Хороскопските знаци и парфемите

БИК
Вашето деликатно сетило за мирис, бара нешто ултра-фино, но сепак со специфичен мирис.
"Little Kiss", Salvador Dali.
БЛИЗНАЦИ
Вашата природа прави да пробувате нови работи секојдневно. Не е важно дали е топло или студено, дали е ден или ноќ- "Funny", Moschino- е вистинскиот избор за вас.
РАК
Имате потреба од нешто што ќе ја истакне вашата убавина и сензуалност, "Amor Amor", Cacharel.
ЛАВ
Парфем кој ја истакнува вашата сила, моќ и брилијантност. "Emporio Armani Diamonds", Giorgio Armani.
ДЕВИЦА
Практични и романтични, нема да погрешите доколку го одберете "Kenzoamour", Kenzo.
ВАГА
Секогаш се двоумите при изборот, па еве решение за вас- направете си колекција. Во секој случај, на вас ви е потребно нешто навистина фантастично.  "J'adore I'absolute", Dior.
ШКОРПИЈА
Вашиот лик е мистериозен и магичен, полн со шарм. “L’instant Magique“,Guerlain.
СТРЕЛЕЦ
Кокетни, заљубливи, романтични. “Quizás, Quizás, Quizás”Loewe.
ЈАРЕЦ
Изгледате многу самоуверено, но никој не знае колку чувствителни сте. “Ange ou Demon“, Givenchy.
ВОДОЛИЈА
“Не знам што и не знам зошто- но да биде уникатно и поразлично од другите“, фраза која ве дефинира. “Into the Blue“, Escada.
РИБИ
Екстремно шармантни, ретко кој може да одолее на вашиот нежен и мистериозен шарм. “Apparition Facets”, Emanuel Ungaro.
ОВЕН
Ви треба нешто свежо, за да се совпадне со вашиот динамичен карактер. “Spring in Paris“, Celine Dion.














Како до совршено - високо опавче?

Се наближува топлото време, кое самото по себе бара собрана коса поради комфорт. Доколку имате долга коса, на располагање имате безброј варијанти на фризури. Високото опавче е една од тие варијанти, а многу битен детаљ е тоа што одговара за секоја прилика.

Но, проблем се јавува кога сакаме тоа да изгледа совршено. Сигурно многу пати ви се случило да не можете да заврзете висок реп онака како што сте замислиле. Праменчиња кои не се скротени, делот од косата кој се наоѓа на тилот виси, ластичето ви е премногу лабаво....
Во овој пост ќе ви откријам неколку мали трикови, за справување со овие мали “проблеми“.
Погледнете го следното видео, има многу корисни совети кои може да се применат практично и кои ќе придонесат токму вие да шетате со “совршеното високо опавче“.

Monday, March 14, 2011

Тренди лакови за сезоната пролет-лето

Искрено, ноктите се една од првите работи кои ги забележувам кај девојките. Начинот на кој ги средуваме нашите нокти, кажува многу за личноста. Има многубројни дизајни за начини на лакирање на ноктите, но оваа сезона ќе се раководи од правилото “Less is more“.
Во изминатава, зимска сезона, доминираа темните нијанси на лакови за нокти. Сега дојде ред на пролетта, а со тоа и на посветлите нијанси. 
Во овој пост ќе ги претставам нијансите кои ќе бидат хит во периодот кој следи.



Во принцип се работи за нежни нијанси, неупадливи и неутрални. Погодни за секоја возраст и за секоја пригода, но и за секоја должина. 
Се разбира, како и секоја сезона, така и оваа- црвениот лак нема да остане незабележан. Тој е вистинска класика.
Па, девојки време е да ги освежиме нашите колекции  лакови. Се надевам дека ви дадов некој предлог кој ви се допаѓа.




Плетенка - рибина коска

На некој начин плетенките секогаш биле во мода, помалку или повеќе. Без разлика дали се работи за плетенка во висок кок или внатрешни плетенки. Во последно време, се почесто се практикуваат лесни фризури кои не одземаат голем дел од нашето време за подготовка.
Сте ја забележале ли плетенката која е наречена “рибина коска“? Беше неизбежен дел од повеќето светски модни случувања во изминатиот период.

Начинот на изработка на оваа плетенка е многу едноставен, брз и лесен. Единствено нешто што ни треба за да го усовршиме правењето на оваа плетенка е праксата. Пробајте неколку пати на косите на вашите другарки или сестри. Верувајте, ќе станете вистински маестро за оваа тренди фризура.

Во продолжение ви доставувам линк, за начинот на правење на плетенката. Па, со среќа :)
Совет: препорачливо е да ја плетете со потенки праменчиња.


Sunday, March 13, 2011

Винтиџ изглед, за девојките со потемен тен

Откако го разработивме винтиџ изгледот за девојките со посветол тен, им дојде ред и на девојките со потемен тен.

Девојките со потемен тен, треба да се фокусираат на нагласување на очите и суптилна шминка на усните.


Откако ќе ја завршите стандардната процедура за нанесување на подлога која одговара на вашата кожа, преминувате на нанесување на пудра. Во овој случај користете пудра која одговара на вашиот тен (ниту посветла-ниту потемна). Пудрата ја нанесуваме на целото лице и на вратот.
Откако пудрата е убаво прилагодена на кожата, нанесуваме коректор, кој е една нијанса посветол од бојата на пудрата.

Шминката на очите треба да биде убаво нагласена. Се користат сенки за очи во следните нијанси: темно кафена, темно сива и црна боја. 

Со комбинација на овие нијанси го шминкаме капакот на окото. Притоа треба да внимаваме поинтензивната боја да биде нагласена по должината на трепките.
По нанесувањето на сенката, нанесуваме туш, од почеток до крај на окото (во зависност од формата која сакаме да ја добиеме). Откако ќе завршиме со оваа постапка, преминуваме на нанесување на маскара (со истата постапка како во погорниот пост).


Делот под долниот капак на окото, нашминкајте го суптилно со кафена сенка. Тоа ќе му ја даде потребната драматичност на погледот.
После се’ ова, очите се готови.

Усните во овој случај, се шминкаат со кармини во неутрални нијанси (во зависност од вашиот вкус).

Немаме потреба од нанесување на моливче, пред нанесување на карминот. Доволно е да нанесеме безбоен сјај за усни, врз нијансата која ќе ја одбереме.

Контурирањето на лицето кај овој изглед е многу важно. Бираме бронзер или потемна нијанса на руменило, со нив го шминкаме делот на почетокот од јаболчниците. Во овој случај, погодна е нијансата rawhide.


Нанесуваме во еден слој и нашата шминка е готова.


Како за почеток, винтиџ

Нареднава сезона во тренд ќе биде винтиџ стилот, па мислам дека секоја девојка која го негува овој стил, има потреба и од совети поврзани со соодветен make up изглед.
Во овој пост, ќе претставам неколку винтиџ изгледи и совети во врска со него, како и предлози со која козметика да се изработи.

Е сега би ги поделила девојките во две категории: девојки со природно светол и девојки со природно темен тен. Мислам дека начинот на шминкање, кај девојките со посветол тен треба да се  разликува од начинот на шминкање на девојките со потемен тен. 
Во овој пост би предложила шминка за девојките со посветол тен.

Девојките со посветол тен, треба да се фокусираат на силно исакнување на усните и суптилно нагласување на очите  и јаболчниците.
Еве го замислениот и посакуваниот изглед.


Би предложила и нијансите на козметика со која што можете да го постигнете овој изглед. Изборот на козметиката останува на вас.
Подлогата зависи од видот на кожата. Користете ја подлогата кој вообичаено ја користите и која најмногу му годи на типот на вашата кожа.
Пудрата може да биде една нијанса посветла од вашиот тен. Kонкретно јас би ја препорачала нијансата која е означена како biscuit. во оваа палета. Пудрата нанесете ја по целото лице и малку на вратот.
Откако пудрата ќе биде соодветно нанесена, употребете коректор (една нијанса посветол од пудрата). Со завршувањето на оваа постапка сме спремни да одиме на наредниот чекор.

Шминкање на очите. Во овој случај е користена маскара за зголемување на волуменот и бело моливче за очи. Маскарата нанесете ја во три слоја. Со првиот слој поминете ги трепките од коренот до врвот. Почекајте да се исушат малку, па ставете го вториот слој - од средината кон врвот. На крај со третиот слој поминете ги само врвовите. Белото моливче нанесете го нежно, во еден слој.

Можеме да преминеме на руменилото. Во овој случај препорачливо е да се користи розеникава нијанса на руменило, која не делува нападно. Руменилото нанесете го врз јаболчниците, во зависност од контурите на вашето лице. Внимавајте да не претерате! :)


Ни останаа уште усните, на кои им треба посебен нагласок. За овој изглед препорачувам кармин во вино боја или во боја на вишна. Но, пред да започнеме со нанесување ан карминот, треба да нанесеме моливче за усни. Пожелно е истото да биде една нијанса потемно од бојата на карминот.


Со овие неколку чекори постигнуваме прекрасен винтиџ изглед, за многу брзо време. Изгледаме модерно и природно, во исто време.

Се надевам дека ви се допаднаа моите совети.