BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS

Sunday, March 13, 2011

Како за почеток, винтиџ

Нареднава сезона во тренд ќе биде винтиџ стилот, па мислам дека секоја девојка која го негува овој стил, има потреба и од совети поврзани со соодветен make up изглед.
Во овој пост, ќе претставам неколку винтиџ изгледи и совети во врска со него, како и предлози со која козметика да се изработи.

Е сега би ги поделила девојките во две категории: девојки со природно светол и девојки со природно темен тен. Мислам дека начинот на шминкање, кај девојките со посветол тен треба да се  разликува од начинот на шминкање на девојките со потемен тен. 
Во овој пост би предложила шминка за девојките со посветол тен.

Девојките со посветол тен, треба да се фокусираат на силно исакнување на усните и суптилно нагласување на очите  и јаболчниците.
Еве го замислениот и посакуваниот изглед.


Би предложила и нијансите на козметика со која што можете да го постигнете овој изглед. Изборот на козметиката останува на вас.
Подлогата зависи од видот на кожата. Користете ја подлогата кој вообичаено ја користите и која најмногу му годи на типот на вашата кожа.
Пудрата може да биде една нијанса посветла од вашиот тен. Kонкретно јас би ја препорачала нијансата која е означена како biscuit. во оваа палета. Пудрата нанесете ја по целото лице и малку на вратот.
Откако пудрата ќе биде соодветно нанесена, употребете коректор (една нијанса посветол од пудрата). Со завршувањето на оваа постапка сме спремни да одиме на наредниот чекор.

Шминкање на очите. Во овој случај е користена маскара за зголемување на волуменот и бело моливче за очи. Маскарата нанесете ја во три слоја. Со првиот слој поминете ги трепките од коренот до врвот. Почекајте да се исушат малку, па ставете го вториот слој - од средината кон врвот. На крај со третиот слој поминете ги само врвовите. Белото моливче нанесете го нежно, во еден слој.

Можеме да преминеме на руменилото. Во овој случај препорачливо е да се користи розеникава нијанса на руменило, која не делува нападно. Руменилото нанесете го врз јаболчниците, во зависност од контурите на вашето лице. Внимавајте да не претерате! :)


Ни останаа уште усните, на кои им треба посебен нагласок. За овој изглед препорачувам кармин во вино боја или во боја на вишна. Но, пред да започнеме со нанесување ан карминот, треба да нанесеме моливче за усни. Пожелно е истото да биде една нијанса потемно од бојата на карминот.


Со овие неколку чекори постигнуваме прекрасен винтиџ изглед, за многу брзо време. Изгледаме модерно и природно, во исто време.

Се надевам дека ви се допаднаа моите совети.






1 comments:

Natasha said...

Супер совети, супер статија!
Честитки за блогот, се надевам често ќе те читаме :*