BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS

Tuesday, April 19, 2011

Домашен пилинг за нега на дланките

Завршувањето на зимскиот период и преминот кон пролетниот, знаат да донесат бројни последици по квалитетот на кожата на дланките. Во зимниот период користиме бројни глицерински и силиконски креми за раце, од кои кожата станува зависна. Бидејќи преку овие креми, ние сме и обезбедувале дополнителна влажност на кожата, доаѓа до сушење на кожата на рацете.
За повторно враќање на убавата и нежна кожа на рацете, потребно е да направиме пилинг, со кој ќе ги отстраниме мртвите клетки од истата.



Во оваа статија ќе ви претставам еден едноставен и брз, домашен пилинг за раце, кој има одлично дејство. 

Потребни ни се следниве намирници:
- 1 кафена лажичка шеќер
- 1 кафена лажичка сол
- 1/4 лимон
- 1 супена лажица мед

Со сите овие состојки правиме хомогена смеса. Откако смесата е готова, ја нанесуваме на дланките и нежно масираме 3-5 минути. Ги измиваме рацете и со тоа целата постапка е готова, а нашите раце се готови да блеснат со пролетната нежност и мекост.

Погледнете го видеото, со детално објаснување на постапката.




Monday, April 11, 2011

Кукла од насловна страна

Верувам дека повеќето девојки сакаат шминката на лицето да не изгледа упадливо, но сепак да е впечатлива и модерна. Сезоната која што следи, со неа ни ги носи нежните очи и образи и шминката во корални нијанси. Овој тренд на шминкање е постојано присутен на светските модни писти и е широко прифатен од професионалците во оваа област.

(Чапурин- пролет/лето 2011)


Доколку овој изглед ви изгледа примамливо и доколку сметате дека сте доволно храбри за да се нашминкате вака, погледнете го видеото.




Брановидна фризура со преса за коса

Разгледувајќи фризури по интернетов, налетав на една која мене лично многу ми се допадна. Девојкава е вистински професионалец. 
Оваа фризура може да се прави и на пократка и на подолга коса, а изгледа многу убаво и опуштено. Ви требаа само неколку работи: преса за коса, малку лак за коса и 20 минути од вашето слободно време. Пресата треба да биде убаво загреана пред да почнете со правењето на оваа фризура. Резултатот е: прекрасна пролетна фризура со која ќе блеснете во полн сјај и која ќе додаде одлично совежување на вашиот изглед. 

Многу од редот на светски познатите ѕвезди се видени со фризурава и на црвениот тепих.



Лично мене Ив во спотот Тambourine ми изгледа феноменално. Токму таа ми даде идеја да истражувам малку повеќе за оваа фризура. Доколку ви изгледа интересно и на вас, погледнете го видеото и испробајте ги вашите вештини.


Sunday, April 10, 2011

Топ 5 фризури за пролет 2011

1. Ниска пунџа со патец на средина 
Дефинитивен хит на модните писти, кој полека се сели и помеѓу тренд-сетерките ширум светот. Лежерна и убава фризура за секој ден. Може да се искомбинира во секоја прилика, а што е уште поважно- брзо се прави.








2. Патец на страна
Мислам дека оваа фризура ви е добро позната и дека нема потреба од дополнителни објаснувања.




3. Густи шишки
Повторно во мода, доаѓаат во полн ек, заедно со винтиџ стилот. Па, девојки, доколку имате густи и прави коси, оваа фризура е полн погодок.




4. Кратка фризура
Секоја сезона со себе носи и некоја форма на кратка фризура, која е модерна. И овој пат е така. Во тренд ќе бидат оние кратки фризури, кои изгледаат несредено.




5. Шишки преку челото
Супер класична фризура која дава дамски изглед. Без разлика дали косата е фатена во репче или е пуштена, потребни се само неколку потези со четката и фенот и вашиот изглед е готов.













Monday, April 4, 2011

Бурбери нокти

Францускиот маникир изгледа убаво и елегантно, но и таа монотонија здоасдува. Сите припаднички на женскиот пол имаат потреба од експериментирање. 
Во овој мој пост ќе ви предложам интересен, но сепак класичен и не толку упадлив дизајн за вашите нокти. Сите ние добро знаеме кој е брендот Бурбери (Британска модна куќа, која изработува луксузни модни производи) и кој е нивниот заштитен дизајн.

Доколку сте расположени за промени, погледнете ги следните две видеа:



Се надевам дека ви се допадна :)

Sunday, April 3, 2011

Топ 5 производи на Нивеа

Често при изборот на козметика за нега на нашето лице и тело, се одлучуваме за оние, веќе докажани брендови на пазарот, иако понекогаш и тие знаат да разочараат.
Нивеа според мене е еден од водечките и веќе докажани брендови од областа на козметиката. Во оваа статија ќе ви ги претставам најдобрите и најбараните 5 производи од Нивеа.

1. Nivea Lip care, Essential care
2. Nivea Moisturizing Skin Creme
3. NIVEA Body Goodbye Cellulite Gel-Cream
4. Nivea Lip Care A Kiss of Relief Lipstick SOS
5. Nivea Body Original Skin Oil, Extremely Dry, Chapped Skin

Тоа се петте најбарани производи на Нивеа.
Јас морам да истакнам дека не сум воопшто задоволна од линијата на шампони од Нивеа, а сум презадоволна од кремите и млеката за тела, се разбира и од линијата Lip Care.




Изглед инспириран од Џесика Алба

Таа е една од најубавите жени на планетава. Една од попримерните холивудски личности, секогаш уредно облечена- жена која плени со својот природен изглед. 
Разгледувајќи ги нејзините слики, наидов на една која мене лично многу ми се допадна. Супер вечерен изглед, особено за периодов кој следи. 


Во оваа статија ќе се обидам да ви предложам козметика со која би можеле да го доловите овој изглед. На вас останува да се обидете да го постигнете изгледот, се разбира доколку ви се допадна.

Најпрво нанесете ја подлогата која стандардно ја користите и која одговара на вашиот тип на кожа. Откако ќе ја нанесете убаво и рамномерно врз целата површина на лицето, преминете на нанесување на бронзер или пудра во прав во малку потемна нијанса од вашиот тен. Овие два чекора се опфатени со следново видео (морам да признаам дека девојкава има преубава кожа)



Откако ќе завршиме со оваа фаза, може да преминеме на шминкање на очите. Се разбира, би почнале со нанесување на коректор, под долните капаци на очите. Користете коректор кој е една нијанса посветол од нијансата на пудрата. 
Коректорот нанесете го на следните “критични“ точки на вашето лице.



Откако ќе завршиме со нанесувањето на коректорот, може да преминеме на нанесување на сенка. Во овој случај се користени темни сенки, во земјени нијанси, кои му ја даваат потребната драматичност на погледот.
Прво, нанесуваме сенка во црна боја,  по целата должина на горните трепки. Истата ја сенчаме до половината на капакот. Дел од кафената сенка нанесуваме врз црната, внимателно ги мешаме, се додека не постигнеме изедначена нијанса. Кафената сенка ја нанесуваме скоро до веѓите, при што треба многу да внимаваме истата да биде избледена и убаво нанесена за да не делува нападно.
Резултатот кој ќе го добиете, би требало да изгледа вака:


Ви ги препорачувам сенките во следните нијанси:


За да ја добиеме конечната контура на окото,  нанесуваме туш за очи и римел. Тушот нанесете го внимателно. Од почетокот на трепките, до крајот на окото. Препорачливо е линијата на крајот да биде малку подебела. Маскарата нанесете ја во повеќе слоја (објаснето е во претходните статии), за да добиете подобар ефект. 

Многу битен детал од изгледот на секоја жена се веѓите. Често се случува да бидат изоставени при нанесувањето на шминка. Пополнете ги недостатоците од влакненца со молив за веѓи. 


Со ова го комплетираме изгледот на очите.

Сега преминуваме на нанесување на кармин. Потребна ни е светло кафена нијанса, со примеси на розе и лила тонови. Оваа нијанса од MAC, би била совршена.

На крај, ни остана уште нанесување на руменило, во некоја бронзено-кафена нијанса. Истото го нанесуваме по целата должина на јаболчниците, но само во еден слој.

Со сето ова, нашата шминка е готова, но ни фали еден многу битен детаљ.....фризурата.


Со овие неколку постапки се постигнува изгледот инспириран од Џесика Алба. Па девојки се надевам дека ви се допадна оваа статија.