BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS

Sunday, April 3, 2011

Изглед инспириран од Џесика Алба

Таа е една од најубавите жени на планетава. Една од попримерните холивудски личности, секогаш уредно облечена- жена која плени со својот природен изглед. 
Разгледувајќи ги нејзините слики, наидов на една која мене лично многу ми се допадна. Супер вечерен изглед, особено за периодов кој следи. 


Во оваа статија ќе се обидам да ви предложам козметика со која би можеле да го доловите овој изглед. На вас останува да се обидете да го постигнете изгледот, се разбира доколку ви се допадна.

Најпрво нанесете ја подлогата која стандардно ја користите и која одговара на вашиот тип на кожа. Откако ќе ја нанесете убаво и рамномерно врз целата површина на лицето, преминете на нанесување на бронзер или пудра во прав во малку потемна нијанса од вашиот тен. Овие два чекора се опфатени со следново видео (морам да признаам дека девојкава има преубава кожа)



Откако ќе завршиме со оваа фаза, може да преминеме на шминкање на очите. Се разбира, би почнале со нанесување на коректор, под долните капаци на очите. Користете коректор кој е една нијанса посветол од нијансата на пудрата. 
Коректорот нанесете го на следните “критични“ точки на вашето лице.



Откако ќе завршиме со нанесувањето на коректорот, може да преминеме на нанесување на сенка. Во овој случај се користени темни сенки, во земјени нијанси, кои му ја даваат потребната драматичност на погледот.
Прво, нанесуваме сенка во црна боја,  по целата должина на горните трепки. Истата ја сенчаме до половината на капакот. Дел од кафената сенка нанесуваме врз црната, внимателно ги мешаме, се додека не постигнеме изедначена нијанса. Кафената сенка ја нанесуваме скоро до веѓите, при што треба многу да внимаваме истата да биде избледена и убаво нанесена за да не делува нападно.
Резултатот кој ќе го добиете, би требало да изгледа вака:


Ви ги препорачувам сенките во следните нијанси:


За да ја добиеме конечната контура на окото,  нанесуваме туш за очи и римел. Тушот нанесете го внимателно. Од почетокот на трепките, до крајот на окото. Препорачливо е линијата на крајот да биде малку подебела. Маскарата нанесете ја во повеќе слоја (објаснето е во претходните статии), за да добиете подобар ефект. 

Многу битен детал од изгледот на секоја жена се веѓите. Често се случува да бидат изоставени при нанесувањето на шминка. Пополнете ги недостатоците од влакненца со молив за веѓи. 


Со ова го комплетираме изгледот на очите.

Сега преминуваме на нанесување на кармин. Потребна ни е светло кафена нијанса, со примеси на розе и лила тонови. Оваа нијанса од MAC, би била совршена.

На крај, ни остана уште нанесување на руменило, во некоја бронзено-кафена нијанса. Истото го нанесуваме по целата должина на јаболчниците, но само во еден слој.

Со сето ова, нашата шминка е готова, но ни фали еден многу битен детаљ.....фризурата.


Со овие неколку постапки се постигнува изгледот инспириран од Џесика Алба. Па девојки се надевам дека ви се допадна оваа статија.






1 comments:

TrueGlam said...

Одлични совети :**