BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS

Thursday, May 24, 2012

Избледени или искинати фармерки

Доколку сте не толку класичен тип на девојка, овој тренд би послужил како одлично освежување на вашиот стил. 

Избледените или искинати фармерки (или пак и двете) ми се хит парче за летово кое следи. 


Иако веќе неколку години се присутни на модните писти, овие фармерки никогаш не ја достигнаа заслужената позиција на модната сцена. Конечно, со враќањето на модата од ’70тите и ’80тите, се врати и оној бунтовнички дух во модата, во кој тие ја заземаат позицијата на задолжително парче во плакарот (за оние кои ја следат истата).


Ова парче со себе носи бунтовнички, рок изглед, но преку внимателна комбинација на остатокот од облеката, може да изгледа мошне лежерно и модерно.  Со додавање на покласична кошула и сако, комбинацијата изгледа посмирено и поженствено.


Како и во претходната статија, така и во оваа, повелете- две корисни видеа доколку сте спремни сами да изработите нешто вакво.



Видеото за избелените фармерки е супер, но доколку сакате да искинете фармерки јас би ви препорачала- покрај ножици користете и шмиргла ;)



Wednesday, May 23, 2012

Џинс шорцеви

Не е дека некогаш џинс шорцевите целосно излегле од мода, но оваа летна сезона ќе бидат навистина голем хит. Најголемата популарност ја добиваат во ’70-тите, а сега сме повторно на прагот на нивната втора, “златна“ ера.


Најмногу ми се допаѓа нивната мултифункционалност. На маичка, на кошула, на дуксерче, а и за на плажа. Со висок струк, со низок, темен или светол тексас, класични или испокинати- се’ е ИН. Шорцеви за секогаш и секаде. 



Лично мене, најмногу ми се допаѓаат во комбинација со некоја штосна кошула со впечатлива боја. А како задожителен додаток за нивна комбинација ми е каишот. Моменталниот тренд е да се носат со црни- дим хулахопки, но тоа не е нешто што јас би го облекла. Таа комбинација нека остане за похрабрите.



Цените на овие шорцеви се движат од 1000 до 2400 денари. Но, доколку имате вешта рака, малку фантазија , трпение и еден чифт стари фармерки, ви препорачувам да го погледнете следново видео и да имате нешто кое што нема да го има вашата комшика, колешка или другарка.

Па, се надевам дека ќе ви се допадне.