Доколку сте не толку класичен тип на девојка, овој тренд би послужил како одлично освежување на вашиот стил.
Избледените или искинати фармерки (или пак и двете) ми се хит парче за летово кое следи.
Иако веќе неколку години се присутни на модните писти, овие фармерки никогаш не ја достигнаа заслужената позиција на модната сцена. Конечно, со враќањето на модата од ’70тите и ’80тите, се врати и оној бунтовнички дух во модата, во кој тие ја заземаат позицијата на задолжително парче во плакарот (за оние кои ја следат истата).
Ова парче со себе носи бунтовнички, рок изглед, но преку внимателна комбинација на остатокот од облеката, може да изгледа мошне лежерно и модерно. Со додавање на покласична кошула и сако, комбинацијата изгледа посмирено и поженствено.
Како и во претходната статија, така и во оваа, повелете- две корисни видеа доколку сте спремни сами да изработите нешто вакво.
Видеото за избелените фармерки е супер, но доколку сакате да искинете фармерки јас би ви препорачала- покрај ножици користете и шмиргла ;)