Не е дека некогаш џинс шорцевите целосно излегле од мода, но оваа летна сезона ќе бидат навистина голем хит. Најголемата популарност ја добиваат во ’70-тите, а сега сме повторно на прагот на нивната втора, “златна“ ера.

Најмногу ми се допаѓа нивната мултифункционалност. На маичка, на кошула, на дуксерче, а и за на плажа. Со висок струк, со низок, темен или светол тексас, класични или испокинати- се’ е ИН. Шорцеви за секогаш и секаде.

Лично мене, најмногу ми се допаѓаат во комбинација со некоја штосна кошула со впечатлива боја. А како задожителен додаток за нивна комбинација ми е каишот. Моменталниот тренд е да се носат со црни- дим хулахопки, но тоа не е нешто што јас би го облекла. Таа комбинација нека остане за похрабрите.
Цените на овие шорцеви се движат од 1000 до 2400 денари. Но, доколку имате вешта рака, малку фантазија , трпение и еден чифт стари фармерки, ви препорачувам да го погледнете следново видео и да имате нешто кое што нема да го има вашата комшика, колешка или другарка.
Па, се надевам дека ќе ви се допадне.
0 comments:
Post a Comment