BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS

Sunday, March 13, 2011

Винтиџ изглед, за девојките со потемен тен

Откако го разработивме винтиџ изгледот за девојките со посветол тен, им дојде ред и на девојките со потемен тен.

Девојките со потемен тен, треба да се фокусираат на нагласување на очите и суптилна шминка на усните.


Откако ќе ја завршите стандардната процедура за нанесување на подлога која одговара на вашата кожа, преминувате на нанесување на пудра. Во овој случај користете пудра која одговара на вашиот тен (ниту посветла-ниту потемна). Пудрата ја нанесуваме на целото лице и на вратот.
Откако пудрата е убаво прилагодена на кожата, нанесуваме коректор, кој е една нијанса посветол од бојата на пудрата.

Шминката на очите треба да биде убаво нагласена. Се користат сенки за очи во следните нијанси: темно кафена, темно сива и црна боја. 

Со комбинација на овие нијанси го шминкаме капакот на окото. Притоа треба да внимаваме поинтензивната боја да биде нагласена по должината на трепките.
По нанесувањето на сенката, нанесуваме туш, од почеток до крај на окото (во зависност од формата која сакаме да ја добиеме). Откако ќе завршиме со оваа постапка, преминуваме на нанесување на маскара (со истата постапка како во погорниот пост).


Делот под долниот капак на окото, нашминкајте го суптилно со кафена сенка. Тоа ќе му ја даде потребната драматичност на погледот.
После се’ ова, очите се готови.

Усните во овој случај, се шминкаат со кармини во неутрални нијанси (во зависност од вашиот вкус).

Немаме потреба од нанесување на моливче, пред нанесување на карминот. Доволно е да нанесеме безбоен сјај за усни, врз нијансата која ќе ја одбереме.

Контурирањето на лицето кај овој изглед е многу важно. Бираме бронзер или потемна нијанса на руменило, со нив го шминкаме делот на почетокот од јаболчниците. Во овој случај, погодна е нијансата rawhide.


Нанесуваме во еден слој и нашата шминка е готова.


0 comments: