BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS

Tuesday, March 22, 2011

Интересни шари на ноктите, техника со вода

Како припаднички на женскиот пол ние секогаш имаме потреба од нешто ново, нешто уникатно. Тоа правило важи за се, па дури и за ноктите. Класичните и еднобојно излакираните нокти се преубави, но ете сите ние понекогаш сакаме да го сменине вообичаениот начин на лакирање на ноктите. 
Мене оваа техника со вода ми е многу интересна, излегуваат преубави шари, а на вас останува само да ја вклучите фантазијата и да размислите за омилената комбинација на бои.


Совет од мене е да ги излакирате ноктите со бела или некоја друга светла боја како подлога и да користите лакови кои не се растварани со ацетон и кои не се засушени. 
Техникава најубаво успева кога лаковите се нови.



1 comments:

TrueGlam said...

Успева и многу е интересно. Е сега навистина два часа се мачев (прв пат ми беше), ама вредеше. Особено ми се интересни кога се во јаки светли бои, за во лето.
Јас ова го доживеав како големо откритие и почнав да се мислам кој се сетил прв на техникава, и како му дошла идејата :D